Бугарите во Македонија против политиката на блокади
Уште една иницијатива против политиката на Официјална Софија во поглед на македонските евроинтеграции и најавите за нивно бликирање уште на стартот од преговорите во декември. По писмото на бугарските интелектуалци, овој пат и Бугарите, кои живеат во Македонија, преку Бугарскиот културен клкуб Скопје, бараат Софија да се откаже од оваа политика, а воедно и Скопје да покаже повеќе капацитет за објективизирање на историјата.
Во основата на писмото од 15 страници, испратено до Премиерите Борисов и Заев, и до Европската Унија, како и германската канцеларка Меркел е идеја за промена на работата на историската меѓудржавна комисија, која треба да биде раководена од „патна карта со конкретни рокови, теми и резултати, со разширување на дебатата и кон училиштата и универзитетите“.
-Ако има заедничка историја, таа не може да биде украдена и историјата не може да биде променета, затоа што е таква, каква што се случила, пишуваат Бугарите од Македонија во писмото.
Паралелно тие ги повикуваат двете страни, Бугарија да „прекине да поставува какви било услови и ѕвездички за користењето на македонскиот јазик, бидејќи секоја независна држава има право да го определува својот официјален јазник, кој може да биде меѓународен јазик, како англискиот, францускиот, шпанскиот, арапскиот и други, или да изгради и кодифицира свој сопствен национален јазик и да го нарече како самата ќе процени“.
Во истовреме, очекуваат „Северна Македонија да влезе храбро во процесот на објективизирање на својата историја. Време е сите граѓани сами да разберат за дејноста на преродбениците и револуционерите, преку нивните дела, а не преку посредници, кои заради политички цели ги заплашуваат, дека некој се обидува да ја промени исоријата. Историјата не може да се промени, Таа се случила така, како што се случила, незвисно од политичките манипулации“.
ШТО ПРЕДЛАГА БККС ?
1 .Уште на почетокот на својата работа историската комисија да постигне согласност на базата на објективни критериуми за заедничко чествување на историски личности. Тоа треба да бидат лицата родени и израснати на територијата на географска Македонија, кои и служеле на бугарската држава; лицата или организациите, кои ги определуваат своите говори како бугарски; лицата и организациите кои се бореле за автономна или независна Македонија, но го користеле бугарскиот јазик за своите документи, знамиња и материјали за агитација. Треба да биде кажано јасно, дека овие лица и организации, подеднакво се културно-историско наследство на двете држави и на двата народи.
2. Историската комисија да постигне согласност и да предложи на двете влади во образовниот систем и на двете држави како задолжителни лектири да влезат: -Спомени, автобиографии, народни песни, стихотворби на преродбеници родени на територијата на географска Македонија -Спомени на дејци на ВМРО, како и сведоштва и автобиографии на нивни современици, но и дела на странски автори сврзани со дејноста на ВМРО - и други за кои ќе постигне согласност историската комисија.
3. Организирање на дискусии меѓу основните училишта, средните училишта и универзитетите од двете држави на теми поврзани со задолжителните лектири со неопределен рок.
4. Сите заклучоци на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија во однос на историските настани и личности, засновани на автентични и на докази засновани историски извори, да бидат воведни во образовниот систем на двете земји пред затворањето на поглавјето 35 од предприсоединителниот процес на РС Македонија.
Марјан Николовски
Ново на Сител
-
Објавен годишниот извештај за почитување на човековите права
-
Формирање на задруги за подобар пласман
-
Преглед на вестите од светот
-
Од петок маркетите ќе ги објавуваат цените на сите производи на интернет
-
Ја менува ли политиката Германија кон проширувањето
-
Мицкоски во Обединетите Арапски Емирати
-
Тема на денот со Борче Треновски, професор
-
Сведочење на Палевски