Фудбал
19. November 2021 - 20:31

Бугарите разочарани од 9. позиција на Балканот

 
Бугарскиот дневен весник 24 часа  направи анализа на резултатите на балканските селекции  во квалификациите за СП и  заклучи дека фановите во Бугарија се разочарани од резултатите на нивната селекција која во конкуренција на балканските репрезентации го зазема 9. Место. 
Рангирањето е направено според барањето на УЕФА која ги исклучува  резултатите на репрезентациите со послабо пласираните. 
Во тој рејтинг македонската фудбалска репрезентација е на 4. Позиција додека најдобро рангирана е Србија која успеа дури и да победи во Лисабон против Португалија. На второто место е Хрватска а потоа следуваат Турција и Македонија кои изборија учество во баражот.
Зад Бугарија се само БиХ, Црна Гора и Косово.