Бугарија се понуди да го евакуира македонскиот дипломатски тим од Украина, кажа Генчовска
Добро е што Бугарија го рестартира дијалогот со Македонија и очекувам да има надградба на резултатите за политиките со амбициозните планови на Владата, изјави шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска, додавајќи оти Бугарија очекува конкретни резултати.
– Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи на Бугарија и Македонија се координатори на целиот процес, покрај водењето дијалог за политички прашања, во разговорот со шефот на дипломатијата на Република Македонија го проширивме опсегот на разговори, рече Генчовска.
Во таа насока, како што јави дописникот на МИА од Софија, Генчовска додаде дека во однос на Украина, Софија и предложиила на земјава дека доколку има потреба и на наше барање, би се евакуирал тимот на Амбасадата на Македонија во Украина.
Таа посочи и дека Бугарија го обновила предлогот за заштита на воздушниот простор на Република Македонија.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна