Бугарија: Пратениците на седница ќе одлучат кога ќе се гласа за предлогот за влада на Николај Габровски
Пратениците од 48. Народно Собрание на Бугарија денеска заседаваат на вонредна седница на која ќе одлучат кога ќе се гласа за предлогот на Николај Габровски за редовна влада со мандат на ГЕРБ-СДС, јави дописникот на МИА од Софија.
Ова се очекува да се случи в среда или четврток. Според локалните медиуми, првичните ставови на парламентарните партии укажуваат дека нема да добие одобрение од мнозинството. За него се очекува дефинитивно да гласа ГЕРБ со чиј мандат е формирана, а веројатно и Движењето за права и слободи кое денеска треба да одлучи дали ќе го поддржи и „Бугарски подем” на поранешниот техничпки прмеиер Стефан Јанев, кои имаат вкупно 115 гласови. Против предлогот се „Продолжуваме со промената”, „Демократска Бугарија”, Бугарската социјалистичка партија и „Преродба” кои имаат вкупно 124 народни претставници. Еден глас е изгубен од вкупниот број пратеници од 240, а му припаѓа на независниот пратеник од петокот Јавор Божанков, кој беше исклучен од Бугарската социјалистичка партија, бидејќи се изјасни против нејзината политика против испраќањето воена помош од Софија на Киев.
Дополнително, пратениците во Народното собрание на Бугарија денеска ќе го слушаат и вршителот на должноста министер за регионален развој Иван Шишков за напредокот на изградбата на трансевропскиот транспортен коридор IV во делот што минува низ Бугарија. Ќе има и собраниска контрола.
Ново на Сител
-
Во Македонија има над 140.000 кучиња миленици
-
Патот Кичево – Охрид клучен за развој на охридскиот бизнис
-
Штип во борба со корупцијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени