-->
-->
Бугарија последна контрола за македонските кошаркари пред Мундијалските квалификации
-->
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација попладнево во Софија ќе игра пријателски меч против репрезентацијата на Бугарија.
Дуелот против Бугарија ќе биде последна контрола за избраниците на селекторот Јорданчо Давидков пред стартот на предквалификациите за Светското првенство.
Давидков на овој меч не ќе може да смета на капитенот Војдан Стојановски кој се пожали на болка во коленото, па превентивно остана во Скопје, како и на Бојан Крстевски кој веќе подолго време се мачи со повреда на тетивата.
Затоа пак во редовите на црвено-жолтите се враќа Џордан Теодор кој не настапи на „Трофеј Македонија“.
Ова ќе биде втор контролен меч меѓу овие две селекции. Пред две седмици во Скопје, репрезентацијата на Македонија ја победи Бугарија со 80-70.
Денешниот дуелот ќе започне во 17 часот, по македонско време.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Никола Димитров, екс министер за надворешни работи
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Состојба со пожарите во Трубарево и Дрисла
-
Четири лица завршија на токсикологија од пожарот во Трубарево – утре ќе се знае колку и со што е загаден воздухот
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за пожарите и штетниот воздух
-
312 кандидати за градоначалници во 80 општини и Скопје, 18 се за главниот град
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани