Бугарија: Лекарствата за лекување Ковид во домашни услови ќе бидат бесплатни
Бугарскиот министер за здравство Стојчо Кацаров денеска соопшти дека отсега лекарствата неопходни за лекување на Ковид-19 во домашни услови ќе бидат бесплатни, пренесува БГНЕС.
Овие лакарства ќе бидат поделени во три групи: антибиотици, кортикостероиди и лекови кои влијаат на згрутчување на крвта. Ова се најчесто користените лекови за Ковид. Пациентите со вирус ќе можат бесплатно да ги примаат додека се на домашно лекување. Тие, исто така, ќе можат да добијат и пулсен оксиметар за да можат да ја следат својата кислородна сатурација од дома, и ако падне под одредени нивоа, тие можат да сигнализираат и да бидат хоспитализирани и да подлежат на некакви тестови, прецизираше бугарскиот министер.
Кога ќе се формираат ковид -зони во повеќето болници во земјата, пациентите нема да ги оптоваруваат општите лекари и протоците нема да се мешаат, туку ќе одат директно во болниците. Лекарите и медицинските сестри во ковид-зоните ќе ги следат луѓето на домашно лекување – пациентите се подложени на прегледи и тестови, ги земаат лековите од аптеките и се лекуваат дома. Ако има компликации, вратете се во зоната или јавете се на телефон доколку е потребно. Тестовите на пациентите ќе бидат покриени од фондот за здравствено осигурување, додаде Кацаров.
Ова им овозможува на општите лекари да посветат поголемо внимание на луѓето со хронични заболувања, бидејќи тие се ризичната група во која имаше најмногу смртни случаи минатата година, додаде бугарскиот министер.
Ново на Сител
-
Ново од Трамп: Царините за Кина рекордни 125 отсто, за останатите држави само 10 отсто
-
30-дневен притвор за директорот на Геријатрија
-
Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор на САД и експерт за меѓународна економија
-
Осквернавен споменикот на децата бегалци
-
Уште четворица повредени во пожарот во Кочани се враќаат во Македонија
-
Продолжија судењата против Мерко
-
Кина возврати со 84% на американските 104% царини, ЕУ возврати со 25%
-
30 дневен притвор за директорот на Геријатрија