Бугарија ја поздрави безусловната препорака за Македонија
Бугарија како актуелен претседавач со ЕУ ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека тоа е во рамки на напорите на Софија за евроинтеграција на државите од Западен Балкан.
- Особено сме задоволни од препораките на ЕК да почнат преговорите за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ. Премиерот Бојко Борисов, Владата и дипломатската служба на Бугарија, работеа на тоа во изминатите месеци, се вели во соопштението од бугарското МНР.
Официјална Софија истакнува дека целосно ги поддржува наводите во извештаите на Европската комисија, како и принципите, евроинтеграцијата да се базира на сопствените заслуги, владеењето на правото и доброто економско управување.
- Задоволни сме и од значењето што им се дава на добрососедските односи и од високата оценка за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, се наведува во соопштението од бугарското МНР.
Препораките од извештаите на Европската комисија, Бугарија како претседавач ќе ги предложи како заклучоци за усвојување на Советот на ЕУ во јуни годинава.
Ново на Сител
-
СДСМ предложи свои мерки
-
Левица предложи патни трошоци за вработените
-
Милошоски: Уставни измени со одложено дејство е добро решение
-
Димитриевски: Сакам да ги слушнам сите аргументи
-
Завршни консултации за измени на законот за локална самоуправа
-
Пациентките приморани да чекаат со недели за мамограф и ехо преглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Складовите на Македонски шуми претворени во депо за стари и хаварисани возила