Бугарија ја поздрави безусловната препорака за Македонија
Бугарија како актуелен претседавач со ЕУ ја поздрави безусловната препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во Унијата.
Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека тоа е во рамки на напорите на Софија за евроинтеграција на државите од Западен Балкан.
- Особено сме задоволни од препораките на ЕК да почнат преговорите за пристапување на Македонија и на Албанија во ЕУ. Премиерот Бојко Борисов, Владата и дипломатската служба на Бугарија, работеа на тоа во изминатите месеци, се вели во соопштението од бугарското МНР.
Официјална Софија истакнува дека целосно ги поддржува наводите во извештаите на Европската комисија, како и принципите, евроинтеграцијата да се базира на сопствените заслуги, владеењето на правото и доброто економско управување.
- Задоволни сме и од значењето што им се дава на добрососедските односи и од високата оценка за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, се наведува во соопштението од бугарското МНР.
Препораките од извештаите на Европската комисија, Бугарија како претседавач ќе ги предложи како заклучоци за усвојување на Советот на ЕУ во јуни годинава.
Ново на Сител
-
Утре инаугурација на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, ХДЗ бојкотира
-
Мисајловски во официјална посета на Словенија
-
3.142 казнети возачи викендов, 1.498 за брзо возење, 247 возеле без возачка, 111 под дејство на алкохол
-
Пронајдени угинати берберски овци во Зоолошка
-
Тешко повреден 18-годишен мотоциклист
-
Одземени 672 парчиња брендирана роба во дојранско
-
Путин ги испраќа Лавров и Ушаков на разговори со САД во Ријад
-
Умбер ја одбрани титулата во Марсеј