Бугарија ја повика македонската амбасадорка
Министерството за надворешни работи на Бугарија соопшти дека денеска била повикана амбасадорката на Република Северна Македонија во Софија Агнеза Руси-Поповска за да и биде пренесен протест поради, како што се наведува, вчерашната прес-конференција на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
- Од бугарска страна беше реафирмиран конзистентниот став во однос на европската перспектива на Скопје. За жал беше констатирано дека системските провокации и одбивањето да се исполнат обврските на официјални претставници на соседната земја дополнително ја оддалечуваат од почеток на преговори со ЕУ. Официјалниот и секој следен кабинет ќе ја продолжи природната линија на бугарската надворешна политика кон Република Северна Македонија, насочена кон гарантирање на човековите права и почитување на принципите на добрососедство, се наведува во соопштението одбјавено на веб страницата на Министерството за надворешни работи на Бугарија.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вчера на прес-конференција во Скопје, изјави дека смето оти процесот на уставните измени и преговарачката рамка се главна тема во бугарските медиуми секогаш кога има избори во Бугарија.
-Ова не е политика на Бугарија од вчера. Ова е политика на Бугарија која што ја имаме во континуитет од 2020 година. Второ, секогаш кога во Бугарија ќе дојдат избори се злоупотребува темата Македонија. Не знам сега не сум сигурен за кога им се изборите затоа што до толку се нефункционални што не можат ни избори да закажат, ова им е седма или осма техничка влада, веќе луѓе не можат да најдат за во техничката влада. Така што, прво нека си ги средат дома работите, нека изберат политичка влада и ќе седнеме и ќе зборуваме со политичката влада. Немам намера да одговарам на луѓе коишто ловат политички поени а коишто се политички маргиналци во моментов во Бугарија затоа што се претставници на влада која што нема легитимитет од никого, рече Николоски прашан за коментар за претходната реакција од бугарското МНР дека „на раководството во Скопје би требало да му е јасно дека обидите за лансирање на идеи за предоговарање може единствено да доведат до ново оддалечување од стартот на преговори“.
Ново на Сител
-

Трамп: Наскоро конечна одлука за договорот со Иран
-

Захарова ѝ се закани на Романија со „соодветни мерки“ поради одлуката за затворање на рускиот генерален конзулат
-

Романија го затвора рускиот конзулат и го протерува конзулот
-

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи
-

Министерство за правда: Постапката за екстрадиција на Груевски продолжува
-

Приведени две лица во тетовско по пријава за сексуално насилство врз малолетничка
-

Кривична пријава за узурпација на државно земјиште во Крива Паланка
-

Уапсени девет возачи изминатото деноноќие, возеле пијани и без возачка дозвола
