Бугарија и Албанија сакаат стабилна Македонија
Бугарија и Албанија се заинтересирани за тоа што се случува во Македонија и посакуваат стабилизација на земјата. Ова го изјави албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати по вчерашната средба со шефот на бугарската дипломатија Даниел Митов во Софија.
Бушати притоа посочил дека во Македонија е неопходно да има политички дијалог кој ќе доведе до решавање на кризната ситуација во земјата.
- Македонија е добредојдена да се присоедини кон НАТО, рекол Бушати на прашање од новинари за тоа дали Тирана го поддржува членството на Македонија во Северноатлантскиот пакт.
Тој појаснува дека постојат критериуми коишто се утврдени уште за време на Самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година, а коишто, нагласува, се однесуваат во целост како за Македонија, така и за сите други земји кои би сакале да и пристапат на Алијансата.
- Ние ќе продолжиме да ги поддржуваме овие критериуми за време на средбата во Варшава, нагласил Бушати во Софија каде што се одржа министерскиот состанок на Процесот за соработка во ЈИЕ со кој претседава Бугарија, а на кој учествуваше и македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски.
Тој побарал гаранција дека иднината на државите од Југоисточна Европа е тесно поврзана со учеството во НАТО и оценил дека кризите во регионот можат да бидат надминати ако „на Балканот има повеќе НАТО и повеќе Европа“.
- Во тој контекст присоединувањето на Црна Гора е еден добар и мудар чекор кој ќе придонесе за поголема стабилност на нашиот регион. Од друга страна, се надевам дека тоа ќе го намали влијанието на т.н. трети играчи во регионот, изјавил Бушати.
И шефот на бугарската дипломатија Митов оценува дека приклучувањето на Црна Гора и другите земји од регионот во Алијансата би означувало повеќе сигурност и смета колку повеќе држави се присоединат кон структурата на Атлантскиот пакт толку поголема ќе биде сигурноста околу нас. вг/са/09:59
Фото: kohajone.com
Ново на Сител
-
Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани
-
Кривична за градоначалникот на Крива Паланка, дозволил поставување урбана опрема на угостителски објект без да се исполнат условите
-
Лекари: Ракот на Бајден е неизлечив, но има добри вести
-
Од што боледува Бајден, кои се неговите опции за лекување?
-
Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Елизабета Дуковска за уставен судија
-
Пожарот во викендицата на Пандов бил нарачан
-
Клековски би прифатил да биде министер за здравство, но со соодветна замена во ФЗО
-
Ивановски: Имаме желба за изградба на пругата кон Бугарија, но нема соодветен одговор од другата страна