Бугарија е на дното во ЕУ според приходи по глава на жител
– Бугарија е на последно место по просечен годишен приход по човек во Европската унија, а Унгарија е едно место над таа држава, јавија бугарските медиуми повикувајќи се на податоци од Евростат.
Бугарија е на дното на рангирањето – за 12 месеци работникот во таа држава добива во просек по 10.300 евра.
Просечниот годишен приход по лице во Европската унија за 2021 година е околу 33.000 евра. Лидер во рангирањето е Луксембург, каде просечниот годишен приход е 72 илјади евра. Првата тројка ја комплетираат Данска – 63.000 евра и Ирска – 50.000 евра годишен приход.
Романија е пред Унгарија по овој показател. Во Романија приходите од плати годишно се во просек по 13 илјади евра, а во Унгарија – 12.600 евра.
Според Евростат, останатите цифри се – Полска (14.431 евра), Грција (15.879 евра), Словачка (16.162 евра) и Хрватска (16.169 евра).
Ново на Сител
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта
-
Во Ватикан започна погребот на папата Франциск
-
Во Рим средба Трамп – Зеленски
-
Трамп: Украина и Русија се пред историски договор