Loading Video...
Балкан
12. July 2021 - 12:37

Бугарија без јасен победник

Паријата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов со 23,91 проценти е во мало водство пред Има таков народ на шоуменот Слави Трифонов, која до сега има освоено 23,66 проценти од  гласовите, според податоците на централната изборна комисија, која обработи 95 проценти од податоците.

На трето место е Бугарската социјалистичка партија со 12, 63 отствто, додека Демократската партија е четврта со 12, 55 проценти освоени гласови.

Движењето за права и слободи освоиле 10,59 , а новиот левоцентристички сојуз Стани!Мафија надвор! Покренат од поранешката правобранителка Маја Манолова има 5,04 отсто од гласовите.

Бугарските скептици оценуваат дека тесното водство е резултат на длабоката поделеност во општеството со оглед на тоа дека Борисов долги години беше на власт, незадоволствто растеше поради високиот степен на корупција во земјата, која е најсиромашна земја членка на ЕУ. Како на претходните избори во април така и на овие, во законодавниот дом влегуваат 6 партии.

Но конечните резултати, официјално треба да бидат соопштени за 3 дена. На предвремените избори учествуваа 17 партии и 6 коалиции. Изборите следат отккао на претходните, пред 3 месеци ниту една партија или коалиција не успеа да формира влада.