Бучковски: Bо 2001 Украина ни помогна максимално, a Русија мининално

Професорот Владо Бучковски, кој беше и министер за одбрана, за Утрински брифинг вели дека не очекува деескалација на ситуацијата во Украина, туку напротив, имајќи ги предвид уличните борби во Харков и големата колона оклопни возила што оди кон Киев.
Путин вчера се изјасни во разговор со Макрон дека бара неутрален статус на Украина, бара демилитаризација и денацификација, забравајќи дека Зеленски е Евреин чие семејство дало жртви во борбата против фашизмот. Добро е што ние покажуваме дека сојузништвото со НАТО ни е битно и се солидаризираме со помошта за Украина, вели Бучковски.
Професорот Бучковски вели дека влијанието на Русија во Македонија е минорно, но не е незначително.
Битно е што ќе се случува во Бугарија каде Русија има најголемо влијание на Балканот после Србија. Доаѓа интересен период на дистанцирање на пријателите на Путин од него. Македонија треба реално да продолжи да гради единство меѓу опозицијата и власта. Нас кога ни беше најтешко во 2001 година, Русија мининално ни помогна, а Украина ни помогна максинално и тоа не смееме да го заборавиме, вели Бучковски.
Ново на Сител
-

Почнува реконструкција на објектот на Подрачната служба на ФЗО во Гевгелија
-

Американската војска соопшти дека погодила повеќе од 5.000 ирански цели од почетокот на конфликтот
-

ДКСК ќе ја одржи 29. седница
-

Цената на суровата нафта во САД се спушти до 81 долар за WTI и 84 долари по барел за Brent
-

Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“
-

Сончево со мала до умерена локална облачност
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
