Бизнис
20. September 2016 - 20:52

Брза лента за градежните компании во катастар

Градежните компании бараат „брза лента“ во катастарот. Предлагаат катастарските процедурте инветиторите да ги добиваат во забрзана постапка со што покус рок ќе може да ги реализираат инвестициите во секторот коју неколку години е двигател на економијата.

Агенцијата за катастар ќе проверува што забавува одредени административни процедури напоменувајќи дела запишувањето на објектите и предбележувањето го прават општините, па една од решенијата може да бидат обуки за нив.

Градежништвото во вториот квартал имало пораст од дури 31 процент. Токму градежните компани се очекува да бидат најголеми корисници на регистерот за градежно земјиште кој ќе стане функционален од 10 октомври. Во него граѓаните и компании ќе можат да вршат увид во сите урбанистички планови и да пребаруваат слободни градежни парцели.