Брутално убиен издавач на секуларни книги во Бангладеш

Еден издавач на секуларни книги во Бангладеш е брутално убиен и „искасапен до смрт“, соопшти полицијата во главниот град Дака.
Убиството на издавачот се случи неполни 24 часови по нападот и обидот за убиство на еден друг бангладешки издавач, како и на двајца блогери кои успеаја да преживеат, иако едниот од нив се бори за својот живот.
Според полициското соопштение, издавачот Фејсал Арефин Дипон (43) бил убиен во неговата канцеларија, што се наоѓа во центарот на Дака.
Локалната филијала на терористичката мрежа на Ал Каеда, исламистичката група Ансар ал Ислам, ја презеде одговорноста за сите напади и за убиството на Дипон.
Годинава, Бангладеш се соочува со серија брутални напади на исламистите врз секуларните писатели и блогери, што беа извршени во Дака и во внатрешноста од земјата.
Нападите започнаа во февруари годинава, кога во својот стан беше убиен со мачети блогерот Авиџит Рој кој пишуваше против исламскиот радикализам, исламистите и религиозниот конзервативизам.
Двајцата нападнати издавачи, објавуваа дела на Рој кој постојано живееше во САД и имаше двојно, американско и бангладешко државјанство.
Во серијата напади годинава, на ист брутален напад, беа убиени уште тројца други секуларни блогери и интелектуалци.
Полицијата во Бангледаш и властите се оправдуваат дека засега не може да го запрат овој бран од брутални убиства, но поголемиот дел од јавноста ја осудува владата дека не прави ништо за да се елиминира насилството на исламистите.
Ново на Сител
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
-

Путин: Наскоро сите ќе возиме кинески автомобили
