Џет-Сет
18. January 2016 - 12:22

Брутално деколте: Хајден на доделувањето никој не ја гледаше во очи!

Актерката и невестата на Владимир Кличко, после долго време се појави на црвениот тепих. Хајден ја мина после породилната депресија и „светна“ во најдобро издание.
 
Таа дојде на доделување на „Critics Choice Awards“, во долг фустан во боја на праска и го истакна своето бујно деколте. 
Со насмевка на лицето, невестата на Кличко тврди дека депресијата е минато.
 
- Имав поддршка од многу луѓе. Горда сум што зборував за овој проблем и ги охрабрив жените да бараат помош, - изјавила Хајден на првото појавување во јавноста откако ја роди ќерката во декември 2014 година.