-->
-->
Брутална снимка од Сирија: Курдите го убиле командантот на џихадистите, тој ја снимил сопствената смрт и како соборците го оставиле да умре
-->
Еден командант на ИСИС ја снимил сопствената смрт, а судејќи по снимката, соборците го оставиле и тој умрел сам во агонија.Се борел против курдските сили кои по размената на огнот, кога виделе дека сите џихадисти се разбегале, ја тргнале камерата од неговата глава.
Џихадистот бил погоден пред да успее да наполни муниција и потоа паднал на земја.
Како што се наведува, се се случило во близина на Деир ез Зор, најголем град на истокот на Сирија.
Сириските демократски сили - SDF, објавил дека џихадистите делувале крајно дезориентирано и дека ги игнорирале наредбите од својот лидер. Кога загинал, го оставиле таму.
Курдските сили би требало наскоро целосно да го ослободат последниот град, Хаџин, кој се наоѓа под контрола на ИСИС. По три месеци интензивни борби, Курдите заземале поголем дел од таа област.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Хрватска се урна турски авион „Ер трактор“
-

Без победник на тестот на македонската репрезентација против Летонија
-

Проектот BRT ќе се имплементира кон средина на следната година
-

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
-

Сијарто: Европските пари не треба да се користат за финансирање на корумпираната украинска воена мафија
-

Започна проектот за спас на велешко езеро „Младост“
-

Француската полиција ја ослободи жената приведена за грабежот во Лувр
-

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија
