Брошура со совети за бременост и КОВИД-19
Министерството за здравство во соработка со УНФПА и ХЕРА изготви брошура наменета за трудници со совети за одржување на нивното здравје и превенција од вирусот КОВИД-19. Брошурата ги советува бремените жени кои се симптомите на коронавирусот, што доколку се заразат, дали се во поголем ризик од останатите, дали вирусот може да се пренесе на нивното бебе и други корисни информации.
– Изготвени се и нови препораки наменети за здравствените работници за постапување со бремени пациентки за време на пандемијата со Ковид-19, со цел нивно правилно информирање и соодветно следење во текот на бременоста, како и во постпарталниот период. Тука има корисни совети за превенција на ширењето на инфекцијата со коронавирусот, како и оптимизација на прегледите на бремените жени за да не се изгубат придобивките од редовните антенатални контроли, а по потреба да се намали нивниот број и да се обезбеди превенција од заразување на пациентката со болеста КОВИД-19, соопшти Министерството за здравство.
Во рамки на препораките се вклучени и неколку алгоритми за олеснета прегледност на постапките, кои треба да се преземат кај пациентките суспектни или со потврдена инфекција со коронавирусот, и тоа во тек на антенаталните контроли, тријажа на пациентки со симптоми за КОВИД-19, хоспитализација на ризични пациентки, начин на завршување на породувањето и постпородилниот период.
Брошурата за бремени жени и коронавирус е достапна на македонски јазик и на албански јазик.
Покрај брошурата, Министерството ги наведува и времените препораки за КОВИД-19 и бременост, на македонски јазик и на албански јазик.
Ново на Сител
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк
-
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-
Папата повеќе не е во непосредна опасност, но останува во болница
-
Пожар меѓу селата Моштица и Саса
-
Ѓорческа успешно ги мина квалификациите на турнирот во Унгарија