-->
-->
Бросе Баскет ја изненади Барселона
-->
Во кошаркарската Евролига синоќа беа одиграни четири натпревари од 6.коло во ТОП 16 фазата. Најголемото изненадување се случи на дуелот одигран во Бамберг, каде екпиата на Бросе Баскет ја совлада шпанската Барселона со 74-70. Ова беше единствениот меч одигран синоќа во рамките од Ф групата.
Голема неизвесност имаше и на натпреварот од Е групата одигран во Истанбул, каде Дарушафака до првата победа во ТОП 16 стигна во дуелот против Црвена Звезда која ја совлада со 69-66. Победи на гостински терен забележаа Панатинаикос против Цедевита со 78-60 и Локомотив Кубан кој во Малага ја победи Уникаха со 82-64.
Денеска на програмата се нови четири средби, а двојките се: Анадолу Ефес – Фенербахче, Жалгирис - ЦСКА Москва, Реал Мадрид – Лаборал и Олимпијакос – Кимки.
Табела - Е група: Фенербахче 5-0 (победи-порази), Локомотив Кубан 4-2, Анадолу Ефес 3-2, Црвена Звезда 3-3, Панатинаикос 3-3, Уникаха 2-4, Цедевита 2-4, Дарушафака 1-5.
Табела - Ф група: Химки 4-1, ЦСКА Москва 3-2, Лаборал 3-2, Реал Мадрид 3-2, Бросе Баскет 3-3, Олимпијакос 2-3, Барселона 2-4, Жалгирис 1-4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Во културата имаме историски инвестиции
-
Пратениците денеска во надзор во Агенцијата за разузнавање
-
Дали дождот помогна во гаснење на пожарот во депонијата Дрисла?
-
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со меѓусебни обвинувања за депониите кои го трујат Скопје
-
Од 12-ти октомври почнува воведување на системот за влез и излез од ЕУ, ќе важи и за македонските граѓани
-
Во Кочани над 50 наставници без договор за работа, учениците без настава
-
Недостига стручен кадар во земјава
-
Преглед на вестите од светот