Спорт плус
8. September 2019 - 15:03

Бронза за Додевски на ЕП во теквондо до 21 година

Прекрасна роденденска честита за македонската држава пристигна од Шведска, каде на Европското првенство до 21 година во таеквондо, нашиот репрезентативец Филип  Додевски го освои бронзениот медал. 
 
Додевски на првенството што се одржува во хелсинборг, славеше убедливи победи над Германецот, Азат Манукјан со 30-13, како и хрватскиот претставник  Матија Ружиќ кого го победи со 26-6. 
 
За жал во полуфиналето нашиот репрезентативец настапи повреден па го  загуби мечот со норвешкиот теквондист Милош Пилиповиќ.
 
Медалот на Додевски е трет за Македонија на Европските првенства во У-21, а преостанатите два се во сопственост на Дејан Георгиевски.