-->
-->
Броки нов тренер на Милан
-->

Фудбалскиот клуб Милан му врачил отказ на тренерот Синиша Михајловиќ и на наговото место го назначил Кристијан Броки, пренесуваат италијанските медиуми. Михајловиќ е сменет два дена по поразот од Јувентус (1:2). Српскиот стратег на почетокот на сезоната пристигна на „Сан Сиро“, на засилувања потроши 90 милиони евра, а на шест кола до крајот на првенството Милан се наоѓа на шестото место на табела.
Михајловиќ со Милан избори пласман во финалето на италијанскиот Куп, каде противник ќе му биде Јувентус, но не ја оствари целта, пласман во Лигата на шампионите. Милан од третата позиција е оддалечен недостижни 15 бодови.
Италијанските медиуми долго време ја најавуваа смената на Михајловиќ, но шпекулациите стивнаа по серијата од девет натпревари без пораз, во текот на првите два месеци од годината.
Сепак негативната серија од пет мечеви без триумф ја иницираше смената на српскиот тренер.
Михајловиќ на клупата ќе го замени поранешниот играч на Милан, Кристијан Броки, кој од 2014 година го предводеше младиот тим на Милан.
Броки е петтиот тренер на Милан во последните три години по Алегри, Сидорф, Инзаги и Михајловиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано
-
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ
-
Сообраќајниот метеж во Њујорк го натера Макрон да му се јави на Трамп | ВИДЕО
-
Ѓоковиќ се враќа на теренот, го потврди настапот во Шангај
-
У15: Македонските фудбалери поуспешни од Косово
-
Лавров: Киев го издигна неонацизмот на ниво на државна политика
-
„Спејс-Икс“ најверојатно не е подготвена за месечевата мисија со луѓе во 2027 година
-
Трамп на Генералното собрание на ОН побара запирање на војната во Газа