Бројот на жртвите во земјотресoт во Турција и Грција се искачи на 116
Бројот на жртвите од земјотресот во Егејското Море што ги погоди Турција и грчкиот остров Самос кон крајот на минатата недела се искачи на 116.
Спасувачките екипи во турскиот град Измир денеска се насочени кон расчистување на последните две урнати згради.
Сите, освен двајца, загинаа во Измир, третиот по големина град во Турција. Двајца тинејџери загинаа на грчкиот остров Самос, кој се наоѓа јужно од епицентарот на земјотресот што ги погоди тие области во петокот.
Турската агенција за управување со несреќи и вонредни состојби, АФАД, соопшти дека операциите за пребарување биле завршени во 15 од 17-те згради уништени во земјотресот.
Од 1.035 повредени, 137 се уште се во болница, соопшти агенцијата. Повеќе од 100 луѓе беа извлечени од урнатините на урнатите станбени згради.
По синоќешната владина седница, претседателот Реџеп Таип Ердоган вети дека нема да се предаде се додека не биде извлечена последната личност. Расположението на спасувачите се зголеми вчера кога извлекоа тригодишно девојче од урнатините 91 час по земјотресот
Ново на Сител
-
Од денеска трговците јавно ќе ги објавуваат продажните цени на веб страниците
-
Променливо облачно со локални врнежи од дожд
-
Зеленски вели дека Кина и доставува оружје на Русија
-
Паднато дрво оштети три автомобили и скина кабли од бандерите кај „Млечен ресторан“
-
Странските студенти во САД масовно поднесуваат тужби против нивна депортација
-
Нетанјаху: Израел нема да дозволи Иран да развие нуклеарно оружје
-
Водата во Дебар, пред пиење мора да се преврива
-
Кос-Жељазков: Европската интеграција носи стабилност и безбедност во регионот на Западен Балкан