Бројот на жртви во стампедото во Сеул се искачи на 120 | ВИДЕО
Најмалку 120 луѓе загинаа и стотина се повредени откако беа згмечени од голема толпа на тесна улица за време на прославата на Ноќта на вештерките во Сеул, соопштија јужнокорејските власти.
Чои Сеонг-беом, началник на пожарникарскиот оддел во Јонгсан во Сеул, рече дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи медицинските работници продолжуваат да ги транспортираат повредените во болниците низ Сеул по стампедото во областа Итаевон популарна по локалите, баровите, кафулињата.
Официјални лица велат дека луѓето биле здробени до смрт откако голема толпа почнала да се турка напред во тесната уличка во близина на хотелот Хамилтон, главното место за забава во Сеул.
Повеќе од 400 работници во итната медицинска помош со 140 возила, вклучувајќи го целиот расположлив персонал во Сеул, беа распоредени на улиците за да ги лекуваат повредените.
Националната агенција за пожари одделно соопшти во соопштение дека официјалните лица сè уште се обидуваат да го утврдат точниот број на итни пациенти.
Телевизиските снимки и фотографиите од местото на настанот покажуваат возила на брзата помош наредени по улиците во услови на силно полициско присуство и работници за брза помош кои ги преместуваат повредените со носилки. Беа забележани и работници за итни случаи и пешаци како вршат CPR, односно даваат вештачко дишење на луѓе кои лежат на улиците.
Градските власти на Сеул издадоа итни СМС пораки во кои ги повикува луѓето во областа брзо да се вратат дома.
Ново на Сител
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти