Бројот на заразени со Ковид-19 во Словенија се искачи на 253
Бројот на заразените со новиот коронавирус во Словенија се зголеми за 34 лица и сега изнесува 253, јави дописникот на МИА од Љубљана.
До 14 часот вкупно се тестирани 6.712 лица, соопштија од Кризниот штаб за борба против вирусот. Сомнеж за повеќе заразени има во домот за стари лица во гратчето Шмарје При Јелшах, каде што престојуваат 70 пензионери. По наредба на градоначалникот Матија Чакш бриз за тестирање е земен од сите вработени во домот.
Во меѓувреме на владина седница се донесени неколку закони кои се во насока за подобрување на борбата против коронавирусот. Еден од нив е и целосното запирање на воздушниот сообраќајот, кој в среда ќе се најде пред пратениците на итната собраниска седница.
Досега во Словенија поради коронавирусот едно лица почина.
Од утрово затворени се училиштата, градинките, сите културни и спортски установи, јавниот градски превоз, домашниот и меѓународниот железнички превоз и сите услужни објекти каде што може да има контакт меѓу луѓе, како фризерски и козметичарски салони.
Ново на Сител
-
Раст на инфлацијата во ЕУ во мај 2024 на месечно ниво
-
Мицкоски во Собранието го достави предлогот за состав на нова влада
-
Општина Карпош: Најстрога санкција за учесниците во нецивилизираната пресметка
-
Македонија на 11 место во НАТО според процентот од БДП наменет за одбраната
-
Израел ги укинува визите за Косовците
-
Хаос во Карпош: Масовна тепачка со лопати, секири, ножеви, изваден бил и пиштол
-
Земјоделците од светиниколско го блокираа експресниот пат Штип - Велес
-
Кина: НАТО да престане да ја префрла вината за војната во Украина