Македонија
28. April 2022 - 20:06

Бројот на загинати и повредени работници оди во нагорна линија

Расте бројот на несреќи при работа. Според извештајот на Здружението за заштита при работа, во 2021 година се регистрирани над 1.500 потешки повреди на работното место, од кои 30 лица го загубиле животот. Споредено со претходната година тоа е зголемување за 20%, а бројките во Македонија се далеку полоши од европскиот просек. Најризични сектори се градежништвото, рударството и земјоделството. Експертите апелираат да се зголеми превенцијата на работните места.

Непочитувањето на правилата за заштита при работа дополнително ги зголемува ризиците за повреда на работното место. И синдикатите и работодавачите се согласни дека мора да се зголеми свеста за почитување на безбедносните мерки кај сите чинители.

На конференцијата посветена на Светскиот ден на безбедност и здравје при работа, експертите укажаа и на низа други слабости, потенцирајќи го примерот со земјоделството, каде недостигаат законски прописи за заштита при работа, иако е еден од трите најризични сектори.