Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, повторно се апелира на почитување на мерките за заштита
Бројот на заразени со коронавирус во државава и натаму е висок. Според вчера објавените податоци, нови 165 случаи со Ковид-19, седум починати и 128 оздравени се регистрирани во државава. Вкупниот број дијагностицирани од почетокот на емидемијата, досега, изнесува 6.787, починати се 328 пациенти, а излекувани се 2.876.
Надлежните и здравствените работници постојано апелираат граѓаните да не се групираат, да држат дистанца од два метра, да носат заштитна маска или покривка на устата и носот, често да ги мијат или дезинфицираат рацете, бидејќи, како што посочуваат, тоа е основна заштита од зголемено ширење на вирусот.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека пандемијата никаде во светот не спласнува, има се повеќе новозаразени, секаде каде се опуштаат рестриктивните мерки.
Бројот на активни случаи во државава изнесува 3.583. Најголем број од активните случаи се во Скопје – 1.983, следат Тетово – 406, Куманово – 232, Охрид – 161, Штип – 160, Струга – 147 активни случаи… Од скопските општини најголем број активни случаи има во Чаир – 424, потоа следат Аеродром – 154, Бутел – 163, Гази Баба – 193, Центар – 143, Карпош – 167, Сарај – 148, Кисела Вода – 121, Ѓорче Петров – 113, Студеничани – 113, Шуто Оризари – 90, Арачиново – 54, Илинден – 32, Петровец – 16, Чучер Сандево – 19, Сопиште – 14, Зелениково-6, двајца се странци и 11 се нераспределени.
На Универзитетската клиника за инфективни болести вкупно се хоспитализирани 89 пациенти од кои на кислородна поддршка се 53 пациенти и нема пациенти на механичка вентилација. Во болницата во Козле се хоспитализирани 30 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и пет деца позитивни на вирусот. Во Градската општа болница „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 130 пациенти од кои на респираторна машина се девет пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 40 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп и Гостивар се хоспитализирани 91 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Целосна забрана за движење во шума од денеска до 31 август
-
Маск го нападна законот на Трамп за даноци и трошоци
-
Без вода населба Радишани
-
Изгаснат пожарот на галијата во центарот на Скопје
-
САД донесоа одлука за продажба на муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари
-
Амандманска расправа за законите за реформа на администацијата во Комисијата за политички систем
-
Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија
-
Лидерска средба ЕУ - Западен Балкан во Скопје, фокус на Планот за раст