Бројот на заболени од Ковид-19 и натаму висок, да се почитуваат мерките за заштита
Нови 129 случаи со Ковид-19 од 1.535 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминатите 24 часа. Починаа шест пациенти, пет од Скопје и еден од Струга. Регистрирани се 109 оздравени пациенти.
Најмногу нови случаи се регистрирани во Скопје – 45, Штип – 25, Гостивар и Тетово по девет случаи, Куманово – 7, Битола и Кичево по шест случаи, Струга – пет, Прилеп – четири, Охрид, Кочани и Свети Николе по три случаи, Дебар, Кавадарци, Демир Хисар и Делчево по еден случај.
Од 109 оздравени пациенти, најмногу се во Скопје – 60, Куманово – 7, Штип – 16, Прилеп – 1, Тетово – 12, Велес – 4, Кавадарци – 2, Гостивар – 6, Виница – 1. Досега во земјата се направени вкупно 92.550 тестирања на Ковид -19.
Вкупниот број на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.797, бројот на оздравени пациенти е 5.254, на починати е 451, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.092.
Надлежните посочуваат дека единствен начин за излез од оваа здравствена криза е задолжително носење маски и одржување физичка дистанца
Ново на Сител
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите
-
Седуммесечно бебе паднало од импровизиран кревет
-
Центар за рангирање на светски универзитети: УКИМ година дена не бележи никаков напредок
-
Структурни реформи веднаш, за поголем економски раст
-
Македонците најмногу трошат на „Букинг“, а најмногу купуваат на „АлиЕкспрес“