Бројот на турски мигранти во Германија годинава зголемен за три пати
Податоците на германските власти покажуваат дека бројот на турски државјани кои во текот на оваа година добиле статус на азиланти во Германија, е тројно поголем од лани, објави магазинот „Шпигел“.
Според овие податоци, во текот на 2015 година, во Германија азил побарале околу 1.800 државјани на Турција, додека во периодот јануари-ноември 2016, барања за азилантски статус поднеле над 5.200 турски граѓани.
Од вкупната бројка на турски азиланти во Германија, над 4.000 се по националност Курди, што се толкува како последица на интензивирањето на судирите меѓу турските сили и припадниците на Курдската работничка партија (ПКК) и на засилените притисоци од страна на властите врз избраните курдски претставници.
Германските експерти проценуваат дека ваквото драстично зголемување на бројот на Турци кои бараат азил во Германија се должи и на мерките што ги презедоа турските власти против своите противници по неуспешниот обид за воен преврат во јули годинава.
Тие оценуваат дека во овој момент Турција во никој случај не може да се смета за безбедна земја, бидејќи покрај репресивните мерки што ги преземаат властите, во неа престојуваат и околу три милиони бегалци од Сирија.
Ново на Сител
-
Нема партиски вработувања, ниту на министерот Меџити му се одземени ингеренциите, вели премиерот
-
Без вода утре дел од Центар
-
Мицкоски: Мора да се кажува вистината за Македонија и да градиме сојузништво
-
Божиновска: Завршува ерата на неточни броила, опремата за проверка на струјомерите веднаш да биде на располагање на граѓаните
-
Бејрут: Десетици илјади луѓе на погребот на убиениот лидер на Хезболах Хасан Насрала
-
Загадувањето на воздухот во Холандија ја надминува дозволената граница на СЗО
-
Oд средината на март од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час
-
Две лица повредени во сообраќајка во Скопје