Бројот на регистрации на нови автомобили во Европа со остар пад во јуни
Регистрациите на нови автомобили во Европа во јуни се намалија со најбрзо темпо за последниве 10 месеци, соопшти денеска Европската асоцијација на производители на автомобили (АЦЕА) со седиште во Брисел, Белгија. Тоа ги одразува предизвикувачките светски економски услови за производителите на автомобили.
Продажбата на нови автомобили месецов се намали за 7,3 отсто, за разлика од зголемувањето од 1,6 отсто во мај. Ова е најостар пад од минатиот август, кога продажбата се намали за 18,3 отсто. Регистрациите на автомобили во Германија, пак, се намалија за 13,8 отсто, а во Франција за 6,7 отсто. Продажбата на автомобили во Италија е помала за 17,4 отсто.
Спротивно на тоа, Шпанија објави годишен пораст од 15,2 отсто. Во првата половина од 2025 година, продажбата на нови автомобили се намали за 1,9 отсто во однос на истиот период лани.
Уделот на пазарот на електромобили за првата половина од годинава изнесува 15,6 отсто, се вели во известувањето, што е сè уште далеку од онаму каде што е предвидено во зелената транзиција. Хибридно-електричните модели продолжија со растот во побарувачката, задржувајќи го своето место како најпопуларен вид енергија меѓу купувачите.
МИА
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред