Бизнис
31. May 2016 - 13:11

Бројот на работниици во индустријата во април поголем за 1,1 отсто

Бројот на работниците во индустријата во април 2016 година во однос на април лани е поголем за 1,1 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. 

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во април годинава бележи пораст од 2,3%, во Преработувачка индустрија од 0,9%, а во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 2,8%. 

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во април е поголем кај Енергија за 3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3,9%, Капитални производи за 10,8% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 1,5%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,6%. 

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари-април годинава во однос на истиот период од 2015-та е зголемен за 1,6 отсто.