Македонија
6. May 2020 - 9:50

Бројот на починати од корона кој е највисок во соседството влева страв дека СДСМ ќе потфрли и во периодот кој следи

Неспособната и неодговорна власт на Заев лошо ја менаџира здравствената криза.

Македонија е рекордер во регионот по смртност на милион жители од корона вирусот. Македонија е меѓу првите и по број на заразени граѓани на милион жители.

Македонија има огромен број заразени здравствени работници кои се оставени со недоволен број заштитни средства, маски, ракавици и опрема. Македонија има исклучително малку тестирања со што нема јасна епидемиолошка слика за тоа кои мерки и кои идни чекори треба да се превземаат. Во време кога граѓани се заразуваат и ги губат животите, наместо инвестиција во засилено тестирање, на СДСМ им е побитно да набавуваат октоподи, лигњи, виски, апетисани, шампањи и бурбони.

Наместо да спроведуваат конкретни здравствени мерки базирани на масовни тестирања и јасна епидемиолошка слика, власта набавува сортни вина и кафиња.

Затоа постои сериозна загриженост дека криминогеноста и лакомоста на функционерите на СДСМ ќе бидат нивниот примарен мотив и натаму во носењето на одлуките. Наместо мерки во полза на граѓаните ќе бидеме сведоци на криминални тендери и обиди за профитерство.

Расипничкото и неодговорно однесување на СДСМ мора да запре. Власта треба интересот на граѓаните да го стави пред се.