Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија

Бројот на жртвите во поплавите во Шпанија се искачи на 224, а 16 лица се уште се водат како исчезнати, се наведува на веб-страницата на шпанската Влада.
Како што се додава, 216 лица загинале во Валенсија, седум во Кастиља Ла Манча и едно во Андалузија, пренесува Ефе.
Владата наведува дека е извршена обдукција на сите жртви, а 197 тела се предадени на нивните семејства.
Повеќе од 100 од 216 смртни случаи регистрирани досега во Валенсија биле на возраст над 70 години, а девет биле малолетни, според официјалниот извештај на Центарот за интеграција на податоци објавени од страна на Врховниот суд во Валенсија.
Од вкупниот број починати, 131 се мажи, а 85 се жени, 190 се од шпанска националност, а 26 се од 11 други земји.
Невремето во Шпанија започна на крајот на октомври, проследено со големи поплави, кои најтешко го погодија регионот на Валенсија.
Ново на Сител
-

Просечната плата во септември зголемена за 156 денари, статистика пресмета дека изнесува 45.466 денари
-

Продавачите на стари книги ќе мора да ги напуштат тезгите од кеј до среда
-

Вештачката интелигенција навлегува и во медиумите
-

Македонците во Неиве слават 20 години духовен дом - празникот Св. Архангел Михаил ги обедини сите
-

Украина го доби, Русија го чека мировниот план на САД
-

Антикорупциска добива нов претседател на местото на Татјана Димитровска
-

Министерот Алиу презентираше анализи за застапеноста на кадрот во овој сектор
-

Општините се фузираат за да превенираат пожари на отворено
