Бродец и Шипковица отсечени поради невремето
На територијата на Република Македонија во околината на Тетово се случи големо невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици.
Како што информира Дирекцијата за заштита и спасување врз основа на добиените податоци од терен, зафатени беа селото Бродец и село Шипковица.
- Патот меѓу двете села е одсечен во должина од 200 метри и оштетен во должина од 10 метри. Вработените на Дирекцијата за заштита и спасување започнаа активности за координирање и процена на настанатата состојба за итно организирано решавање на истата, стои во соопштението од ДЗС.
Од Дирекцијата за заштита и спасување, воедно информираат дека продолжуваат да ја следат состојбата на теренот и за секоја новонастаната состојба во континуитет ќе известуваат.
Невреме проследено со силен дожд, ветер и грмотевици го зафати и главниот град Скопје. Откорнати се дрва и поплавени улици, а делови од градот се без електрична енергија
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи