Брнабиќ: Во Србија вакцинирани 50,1 отсто од полнолетните граѓани
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денеска на својот Твитер налог објави дека 50,1 отсто од полнолетните граѓани или 2.705.458 лица се вакцинирани во Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Поминавме 50 отсто од вакцинирани полнолетни граѓани -моментално 50,1 отсто (2.705.458 вакцинирани). Сурчин, Чуприја, Прешево, Врчац и Прокупље се приклучија на групата од 58 локални самоуправи со над 50 отсто од вакцинираните.
Секое вакцинирано лице – поголема сигурност за сите нас. #ВакцинирајСе., напиша Брнабиќ.
Бројот на нови случаи на инфекција со коронавирус во Србија постепено се зголемува, а експертите предупредуваат дека делта видот полека го потиснува британскиот.
-Податоците предупредуваат дека четвртиот бран е пред нас, истакнуваат лекарите и додаваат дека на удар ќе бидат невакцинираните и дека е потребно да се забрза вакцинацијата, соопшти РТС. Вчера, во Србија се регистрирани 487 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а најмногу нови случаи беа регистрирани во Белград – 148 заразени. Директорката на главната ковид болница во Србија, во Батајница, проф. Д -р Татјана Аџиќ Вукичевиќ, изјави за РТС дека податоците се за голема загриженост, бидејќи од релаксирана ситуација во претходните шест недели, кога имаше по 40 пациенти, бројките сега се зголемуваат.
-Имаме се повеќе луѓе кои се вратија од летните одмори, тоа се цели семејства и кои, се разбира, не се вакцинирани. Меѓу нив, на одделенијата за интензивна нега имаме седум млади луѓе на возраст под 40 години, а вчера еден мораше да се интубира, кажа директорката на болница во Батајница. Таа нагласи дека во овој бран има најголем број заболени пациенти меѓу помладите невакцинирани мажи. Од почетокот на епидемијата, во Србија се направени 4.708.532 тестови за коронавирус, кој е потврден кај 723.518 луѓе. Како последица на инфекцијата починати се 7.129 граѓани. На болничко лечење има 521 пациенти, од кои седум се на респиратори, соопштено е на владината веб -страница Ковид-19.
Ново на Сител
-

Трипуновски за Сител: 50 договори се стопирани по скандалот со директорот на Платежната агенција
-

Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-

Почнаа меѓукоалициските консултации за смени во Владата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Познат доктор и поранешен градоначалник го одбил Филипче
-

Опозицијата ѝ понуди помош на Владата по корупцискиот скандал во Платежната агенција
-

Судењето за пожарот во Кочани почнува во среда, надлежните ветуваат ефикасност
-

Ѓорѓиевски: Затвореници на платен список во Комунална, истрагата да се прошири и во Град Скопје
-

ДКСК ги отфрли сите изборни предмети
