Брнабиќ: Србија смета дека Тајван е дел од Кина

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, вели дека Србија ја поддржува политиката на „една Кина“ и го смета Тајван за нејзин дел.
„Таа позиција нема да се промени“, рече Брнабиќ на средбата со кинескиот амбасадор во земјата, Чен Бо. Кинескиот амбасадор се заблагодарил на Србија за конзистентниот став и поддршката за Кина во ова прашање, соопштија од кабинетот на премиерката.
Бо додаде дека Србија се уште може да смета на континуираната поддршка од Кина на меѓународно ниво, но и на развој и подобрување на стратегијата во зелениот сектор, енергетскиот сектор, биотехнологијата и развојот на нови технологии, пренесува српски Н1.
На средбата се разговараше и за продолжување на развојот на економските и политичките односи.
Брнабиќ соопшти дека трговската размена меѓу Србија и Кина во 2021 година изнесувала 5,3 милиони американски долари, при што извозот на Србија пораснал за 157,7 отсто. Наведено е дека за пет месеци од годинава размената била 2,62 милијарди долари, што е за речиси 40 отсто повеќе во споредба со лани. Раст е забележан и кај извозот.
Српската премиерка рече дека во 2021 година Кина била втор најголем надворешно трговски партнер на Србија. „Од петте најголеми српски извозници минатата година, три компании се во сопственост на кинески инвеститори, кои оствариле вкупен извоз од 1,9 милијарди евра“, рече таа.
Брнабиќ изјави дека е задоволна од обновувањето на директниот лет Белград-Пекинг, како и од планираните летови на Ер Србија на крајот на октомври.
Ново на Сител
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
