Брнабиќ: Србија чека дозвола на Фајзер за донацијата на вакцини за Македонија
„Сè е подготвено за Србија да и ја предаде донацијата на вакцините на Фајзер на Македонија, но се чека дозвола на тој американски производител“, рече Брнабиќ одговарајќи на новинарско прашање.
Таа појасни дека договорот меѓу Србија и „Фајзер“ предвидува дека вакцините не можат да се извезуваат.
„Имаме одредени количини на вакцини наменети за донација во Македонија, единствено што се чека е техничката документација, односно официјалното одобрување од ‘Фајзер’ дека нивните вакцини можат да бидат донирани“, додаде Брнабиќ.
Таа посочи дека разговарала со директорот на „Фајзер“ за да добијат одобрување за донацијата што е можно поскоро, а оти претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ги повлекол личните врски со САД за да ја добијат таа согласност.
„Се надеваме дека сè ќе се заврши во следните неколку дена“, рече Брнабиќ.
Испораката на вакцини во Македонија како донација од Србија, која беше најавена за денеска (11 февруари) беше одложена за следните неколку дена, а како причина двете влади ја наведоа техничката документација.
Ново на Сител
-
Манчестер Сити четврти пат по ред шампион на Англија
-
За личниот живот и 30 годишната кариера со Суперхикс | Петар Младеновски | Sitel Podcast 038
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект