Брнабиќ: Соработката со Приштина ќе зависи од нивното исполнување на обврските
Соработката на српските власти со косовските институции ќе зависи од нивното исполнување на меѓународните обврски поврзани со спроведувањето на Бриселскиот договор и укинувањето на таксите на увозот на стоки од Србија, изјави српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописнкиот на МИА од Белград.
-Отсекогаш сме биле подготвени да соработуваме и да разговараме со привремените косовски институции, но тоа ќе зависи од спроведувањето на Бриселскиот договор, односно од исполнувањето на обврската за формирање на Заедницата на српски општини (СЗО), како и од укинувањето на нецивилизациските такси, изјави Брнабиќ пред новинарите, прашана дали ќе соработува со новата влада на Косово.
Таа додаде дека идните разговори и соработката ќе зависат од „г-дин (Албин) Курти“ кој ќе биде косовски премиер.
-Ние сме подготвени да разговараме со сите, таму каде што живеат Србите за да се подобри нивната положба, кажа премиерката.
Таа оцени дека Српска листа во Косово има добиено 10 места во косовскиот парламент и дека сега ќе биде „посилен фактор на Косово“.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?