Брнабиќ: СНС освои мнозинство во Белград, неизвесен терминот за нова Влада
– Премиерката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ изјави дека резултатите од вчерашните повторени избори ја покажале вистинската состојба, дека народот сака Србија да биде предводена од Александар Вучиќ и Српската напредна странка (СНС) која во Собранието на град Белград ќе може да формира власт, јави дописникот на МИА од Белград.
Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека без никакво сомневање СНС ќе има мнозинство во град Белград и дека сега нема јавно да каже со кого ќе го формира тоа мнозинство од најмалку 60 одборници, како и да не знае дали кандидатот на СНС, Александар Шапиќ, ќе биде новиот градоначалник.
– Редно е да се почека повторувањето на гласањето (на две места во Белград) во четврток, на 21 април, за да ја решиме дилемата, може да се очекува дека и тука нешто ќе се промени во наша корист, рече таа и додаде дека лично би сакала да се повторат изборите во Белград бидејќи победата на Вучиќ би била уште поубедлива.
Брнабиќ изјави дека не знае кога ќе биде формирана новата српска влада, бидејќи тоа зависи од парламентарното мнозинство и брзината на преговорите за коалицирање.
Таа рече дека нема да одговори на прашањето со кого СНС прво ќе разговара, туку дека „Александар Вучиќ бил кристално чист“ кога рекол дека Сојузот на Унгарците од Војводина останува партнер.
Брнабиќ не сакаше да зборува за идејата лидерот на СПС Ивица Дачиќ да биде премиер и посочи дека „не се важни функциите, туку стабилноста што Александар Вучиќ и ја носи на Србија“.
– Поважен е тимот кој ја дели визијата за развој до 2026 година или подолго, а нас не треба да не интересира кој на која функција е. Се е до претседателот на партијата и партиските органи, најважно е да се зачува мирот и стабилноста, порача Брнабиќ.
Таа ја оцени како погрешна пораката што во Приштина се испраќа оружје и тоа што Албин Курти го ускратил основното човеково право – правото на глас на Србите и изрази загриженост.
– Тоа го дестабилизира целиот регион на Западен Балкан. Треба отворено да зборуваме за тоа, рече Брнабиќ.
Ново на Сител
-
Тошковски: 80 години Оддел за заштита на определени личности и објекти, заради нив сме посилни и како држава и како општество
-
Физичка пресметка помеѓу двајца војници од Кондово и Матка
-
Кривична против 42-годишен скопјанец, физички нападнал полициски службеници
-
Кривична за 38-годишен штипјанец, сторено кривично дело „разбојничка кражба“
-
Лавров по разговорите во Ријад: Не само што се слушавме, туку и се слушнавме
-
Во Штип во текот на месецов регистрирани 283 случаи на грип
-
Овчите сипаници и во јануари најчесто акутно заразно заболување
-
Уставен суд утре ќе расправа по иницијатива за оценување на стажот на јавните обвинители во периодот на нивното членување во Советот на јавни обвинители