Балкан
12. September 2023 - 10:42

Брнабиќ: Разговорите во Брисел ќе бидат тешки, Курти не сака спроведување на Бриселскиот договор

Во пресрет на разговорите во Брисел меѓу делегациите на Белград и Приштина, премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека тие разговори ќе бидат тешки.

„Ние сè уште го немаме бриселскиот договор и ЗСО, Приштина нема намера да го спроведе договореното, а Курти не сака да ги каже зборовите Бриселски договор“, вели Брнабиќ.

„Благодарност до претседателот Вучиќ што се задолжи да ги води овие разговори и ја ослободи Владата да се занимава со други работи“, изјави таа.

Според Брнабиќ, приоритет е имплементацијата на Бриселскиот договор, имплементацијата на ЗСО.

Посочи дека наместо имплементација „видовме само дополнителна ескалација“.

„Нашиот народ сака мир и стабилност бидејќи тоа ни овозможува да имаме просперитет“, вели Брнабиќ