-->
-->
Брнабиќ: Нема да има контрамитинг во Белград на 15 март
-->
Претседателката на Собранието на Србија изјави дека нема да има голем собир организиран од властите во Белград и дека нема да има контрамитинг.
„14, 15 и 16 март ни се работни денови, парламентот заседава за ситуацијата во Република Српска, ќе го поканам и претседателот на РС, Милорад Додик, па ако некој сака да ги окупира институциите, нека се сети во кој момент го сака тоа за Србија“, рече Брнабиќ.
Таа изрази надеж дека повеќето студенти ќе се оградат од идејата за упад во Собранието.
Брнабиќ додаде дека иако собирот на поддржувачите на власта нема да се организира на 15 март, сепак може да се очекува на друг датум, и посочи дека оваа влада „никогаш не организирала контра-митинг“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка