Брнабиќ: Наскоро интегрирани гранични премини на Србија со Северна Македонија, Албанија и БиХ
Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска најави дека наскоро ќе биде отворен интегрираниот граничен премин со Северна Македонија, а вакви премини наскоро ќе бидат воспоставени и со Албанија и Босна и Херцеговина.
Брнабиќ ова го соопшти на денешниот состанок со преставници на Стопанската комора на Србија (ПКС), јави дописникот на МИА од Белград.
На состанокот, претседателот на ПКС, Марко Чадеж кажа дека интегрираните гранични премини, каков што наскоро ќе биде воспоставен со Северна Македонија, значително ќе го олеснат непречениот проток на стоки кон и од Србија.
На крајот на јули, српскиот Парламент на предлог на Владата, го усвои законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Србија и Владата на Северна Македонија за воспоставување на заеднички контроли на граничниот премин за меѓународен патен сообраќај, Прешево-Табановце.
Српските медиуми, повикувајќи се на извори од Царината, најавија дека воспоставувањето заедничка контрола на овој граничен премин ќе започне на крајот на август или почетокот на септември.
Ново на Сител
-
СДСМ обелодени нови кандидати за градоначалници во 10 општини
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал