Брнабиќ: Најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 до Северна Македонија
Српската премеирка Ана Брнабиќ при денешната посетата на Јужна Србија и Пчинскиот огруг, говорејќи за развојните проекти во инфраструктурата што треба да се реализираат во наредниот период, изјави дека најголем капитален проект во Србија ќе биде железничкиот дел од Коридорот 10 кој ќе се гради со партнерите од ЕУ, јави дописникот на МИА од Белград.
– Тој воедно ќе биде и најголемиот инфраструктурен проект на Европската Унија во овој дел на Европа. Тука преку Инвестицискиот фонд за Западен Балкан само за делницата од Белград до Ниш ќе добиеме 600 или 700 милиони евра неповратни средства што се подарени пари, изјави Брнабиќ.
Таа додаде дека во моментов се прави проценка на вредноста на железничкиот коридор 10 на делот од Ниш и Брестовац до Прешево и Северна Македонија, потенцирајќи дека ова ќе биде најголем инфраструктурен проект во наредниот период.
Ново на Сител
-
Анализа: Како влијае споредбата од еврокомесарката Кос на јавноста?
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Македонија старее, лани населението е намалено за 4.140 лица
-
Отворено прашањето за етничката застапеност
-
Мицкоски: Нема да тече мед и млеко по уставните измени
-
Хермелини се оспособуваат за гаснење пожари на тешко пристапни места, кажа премиерот Мицкоски
-
Го згазил мотор под прозорецот каде што живеел, на пешачка патека на скопски кеј - возачот избегал
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението