Брнабиќ: Доколку е потребно ќе се сретнам со Харадинај

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска изјави дека доколку е неопходно таа ќе се сретне со претседателот на косовската Влада, Рамуш Харадинај.
Изјавата на Брнабиќ следува по тврдењата во Србија дека таа нема да прифати да средба со личност „обвинета за воени злосторства“.
- Доколку е потребно подготвена сум да се сретнам со премиерот на Косово, Рамуш Харадинај, изјави Брнабиќ за Радио телевизија Војводина.
Осврнувајќи се повикот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ за внатрешен дијалог за Косово, Брнабиќ посочи дека српската Влада ќе го помогне овој процес, формирајќи работни групи со сите граѓани кои сакаат да учествуваат во него.
- Јас како премиер не можам да кажам дека ќе го направам ова или она. Ќе ги сослушнам сите страни - власта, опозицијата, црквата и разните организации, додаде Брнабиќ.
Српскиот внатрешен дијалог посветен на Косово се очекува да почне пед одржувањето на новата рунда разговори меѓу претседателите на Србија и Косово, Александар Вучиќ и Хашим Тачи најавени за во октомври.
Ново на Сител
-

Превирања околу реформите во СДСМ
-

Кривична за вработена како благајник во Јавно претпријатие комунални работи Кавадарци, одзела 568.684 денари од претпријатието
-

Хипер: ЕУ работи на зголемување на притисокот врз Путин
-

Презентирани докази од ПИ мерки на судењето за „Геријатрија“
-

Вреди до Јаневска: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација
-

Дизелот поскапува за еден, а бензините за половина денар
-

Ѓорѓиевски-Николоски: Скопје го развиваме заедно, со работа, посветеност и јасна цел - да изградиме модерен и функционален град
-

Ин мемориам: Почина Проф. д-р Трајан Бендевски
