Бркотница низ Охрид завршила со двајца повредени, еден потешко

Вчера околу 04,00 часот во Охрид на бул.„Туристичка“ во правец кон Струга, В.М.(1992) од с.Порој–Тетово кој бил заедно со Е.К.(1993) и М.К.(1994) од с.Радолишта–Струга, и се превезувале со возило„БМВ“, биле пресретнати од возило „Пежо 306“, од кое излегле неколку лица и почнале да удираат со нозете по возилото, по што си заминале.
По настанот, нападнатите продолжиле кон Струга, каде на клучката на излезот од Охрид биле пресретнати и сопрени од истото возило од кое излегле 6 непознати лица на возраст од 18-25 години и повторно почнале да удираат со нозете по возилото, ги отвориле вратите и физички ги нападнале удирајќи ги со раце и нозе, а едно од лицата извадило нож и го пресекол В.М. во пределот на левата страна на половината, по што напаѓачите избегале.
На повредените им е укажана лекарска помош во МЦ-Струга, од каде настанот е пријавен во ПС-Струга.
СВР-Охрид превзема мерки за целосно расчистување.
Ново на Сител
-

Со 64 гласа Собранието го усвои ребалансот на буџетот
-

Тема на денот со Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
-

Гостиварци може да ја користат водата како техничка, но не и за пиење
-

Непочитувањето на мерките може да ја продолжи епидемијата во Гостивар
-

Поскапуваат бензините, дизелот и парното греење
-

Дополнетиот ребаланс на буџетот на пленарна седница
-

Шпанскиот државен секретар за ЕУ во посета на Македонија – интеграциите и односите со Бугарија во фокус на разговорите
-

Без дозвола и без регистрација – малолетници дивеат во сообраќајот
