Бритни Спирс лансираше нова песна
Бритни Спирс последниве месеци често беше тема на таблоидите, но не поради професионалната работа, туку поради нејзините фалби со одличната витка става до која дошла со напорни тренинзи и внимателно одбрана исхрана.
Но, конечно сега Бритни повторно се најде во центарот на внимението на медимути поради нејзината професија - пеењето.
Имено, Бритни синоќа ја промовираше новата песна „Make Me“, која е изработена во соработка со Џи-Изи.
За насловната страна на синглот Бритни облече високи бели чизми и многу малку облека, со што повторно го покажа својот рамен стомак на кој е премногу горда.
Спот за песната се уште не е промовиран, но се очекува и тоа да се случи наскоро и Бритни конечно повторно да блесне на музичката сцена, по низата крахови, кои почнаа уште во 2007 година со бричењето на главата и нападот врз еден фотограф.
Ново на Сител
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп
-
Приведени пет скопјани и кумановец откако кај нив била пронајдена дрога
-
На ГП „Табановце“ и „Богородица“ се чека околу 20 минути
-
25-годишник возел со 2.04 промили алкохол во крвта и удрил во паркирано возило
-
Како се избира нов папа и што всушност е конклава?