Британското кралско семејство: Ви благодариме на сите што ја следевте венчавката!
Британското кралско семејство им се заблагодари на сите кои дојдоа или ја гледаа свадбата на принцот Хари и актерката Меган Маркл, кои сега официјално се војводата и војвотката од Сасекс.
- Им благодариме на сите кои дојдоа во Виндзор и на сите оние кои ја следеа венчавката ширум Велика Британија, Комонвелтот и целиот свет, напиша кралското семејство на Твитер.
На церемонијата присуствуваа околу 600 гости, меѓу кои беа и личности од јавниот живот како Опра Винфри, Викторија и Дејвид Бекам, Џорџ и Амал Клуни, Елтон Џон, Том Харди и други.
Младенците првата брачна ноќ ја поминаа во замокот Виндзор.
Како што претходно најавија, тие нема веднаш да одат на меден месец.
На синоќешниот приватен прием, на кој домаќин беше таткото на Хари, принцот Чарлс, невестата носела прстен со смарагди кој и припаѓал на мајката на Хари, покојната принцеза Дајана.
Британскиот принц Хари и глумицата Меган Маркл вчера го кажаа судбоносното „да“ во црквата Свети Џорџ, ведаш до дворецот Виндзор. Невестата до олтарот ја допрати таткото на Хари, принцот Чарлс.
По завршувањето на церемонијата, младенците со кочија поминаа низ Виндзор, по што почна приватна церемонија.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња