Британските здравствени власти апелираат граѓаните да се вакцинираат против сезонски грип
– Британските власти ги повикаа граѓаните да се вакцинираат против сезонски грип со цел да се заштитат што е можно повеќе пред почетокот на зимата. Здравствените власти стравуваат дека околу 60.000 луѓе би можеле да умрат од респираторни заболувања оваа зима.
Националниот здравствен систем е загрижен бидејќи ова ќе биде прва зима во која коронавирусот и сезонскиот грип целосно ќе циркулираат заедно. Истражувањата покажуваат дека заразените со двата вируса имаат двојно поголема веројатност да умрат отколку само со Ковид-19. На повеќе од 40 милиони луѓе во Обединетото Кралство, од кои 35 милиони во Англија, им се понудени вакцини против сезонски грип, што е најголемата кампања од ваков вид во историјата на земјата. Грипот и другите зимски вируси предизвикуваат повеќе од 1.000 приеми во болница дневно во текот на зимските месеци, повеќе од бројот на хоспитализирани од Ковид-19 во моментов.
И оваа зима, респираторните болести се очекува да доведат до 60.000 смртни случаи, според Академијата на медицински колеџи. Во меѓувреме, владата најави уште поголемо олеснување на меѓународниот режим на патување, оставајќи само седум земји на „црвената листа“, што беше поздравено од туристичките компании.
Ново на Сител
-

Во Собранието расправа за продолжување на рокот на кризната состојба за нафтата
-

Трамп: Денеска разговори меѓу Израел и Либан
-

Неколку убиени при нападите на Русија врз Киев, Днепар и Одеса
-

Без вода корисници на ул. „Капиштец“
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
