Британскиот принц Ендрју осомничен за сексуална злоупотреба
На британскиот принц Ендрју ќе му се суди во Њујорк за наводна сексуална злоупотреба на жена која тврди дека била „најмена“ за секс кога била малолетничка, со посредство на починатиот американски финансиер Џефри Епстин.
Во обвинението поднесено до Окружниот суд во Менхетн, се наведува дека Вирџинија Џуфре е тужителка во случајот против обвинетиот, „Принцот Ендрју, војводата од Јорк“. Џуфре тврди дека била „редовно злоупотребувана од Епстин и ангажирана за други моќни мажи, заради сексуална експлоатација.
– Еден таков моќен човек беше обвинетиот, принцот Ендрју, изјави Џуфре.
Според жалбата, Ендрју сексуално ја злоупотребил во стан во Лондон – сопственост на девојката на Епстин, Гислејн Максвел. Тоа се случило пред повеќе од 20 години, кога наводната жртва имала под 17 години.
„Епстин, Максвел и принцот Ендрју ја принудиле тужителката, која во тоа време била малолетна, да има секс со принцот Ендрју против нејзина волја“, се наведува во обвинението.
Принцот Ендрју (61) категорично ги отфрли обвинувањата дека имал секс со Џуфре и рече дека не се сеќава дека ја сретнал. Но, овие тврдења го нарушија угледот на британското кралско семејство. Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета Втора се повлече од кралските должности во 2019 година поради неговото претходно пријателство со Епстин.
Ново на Сител
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството