-->
-->
Британскиот премиер негативен на коронавирусот
-->
Британскиот премиер Борис Џонсон е негативен на коронавирусот и нема симптоми на Ковид-19, соопшти денеска неговиот портпарол.
Џонсон претходно прими две дози вакцина и во моментов е во изолација, која ќе трае до 26 јули, откако бил во контакт со британскиот министер за здравство Саџид Џавид, за кој беше соопштено дека е заразен со коронавирус.
Поради истата причина, во самоизолација е и министерот за финансии Риши Сунак.
Британскиот премиер претходно ги повика Британците да бидат претпазливи во врска со пандемијата на коронавирусот, иако во понеделникот во Велика Британија беа укинати голем број мерки воведени поради Ковид-19.
Велика Британија е на седмото место во светот по смртни случаи, но 87 проценти од британското возрасно население примило најмалку една доза вакцина, а целосно имунизирани се 68 проценти од граѓаните
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница