-->
-->
Британскиот премиер ја понуди на Франција британската база „Акротири“
-->

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави по средбата со францускиот претседател Франсоа Оланд во Париз, дека е подготвен да им ја обезбеди на француските вооружени сили британската база „Акротири“ во Кипар за удари против Исламската држава, соопштуваат грчките медиуми.
-Ние сме обединети со Франција во однос на целокупната закана, рече Камерон, истакнувајќи дека Лондон е подготвен да им обезбеди на француските сили користење на британската база во Кипар.
Тој додаде дека оваа недела ќе се обиде да ја забрза во парламентот одлуката за проширување на антитерористичките напади против Исламска држава. Пред тоа Дејвид Камерон рече дека очекува прво да добие поддршка од пратениците пред да поднесе одлуката за гласање.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Синдикатот од 10 февруари почнува со протести, на 17-ти ќе ја блокираат Владата
-

Дурмиши: Повремените и сезонски работници добиваат законска заштита
-

Проценките завршија: Финки ќе ги добие двете згради кај кампусот на УКИМ, за ФФК ќе се доградува
-

Чебрен и Галиште може да се дадат на приватни инвеститори, но водите да останат наши
-

Министерство за одбрана во војна со сопствениот кадар – Ревизија откри големи пропусти
-

Преглед на вестите од светот
-

Кочовска: Синдикатите да се договорат со работодавачите за повисока плата
-

СДСМ: Како излегле 5 тони дрога од Македонија
